Doğa Kırmızıoğlu
22 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
АНКАРА
Бруклин Нетс како гостин го совлада тимот на Лос Анџелес Клиперс со 108:112 во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) и нанижа 6 победи во серија, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 8 натпревари во НБА. Екипата на Бруклин Нетс, претставник на Источната конференција, дојде до својата 20-та победа сезонава, совладувајќи го домаќинот Лос Анџелес Клиперс со 4 поени разлика во Стејплс центарот.
Нетс ја постигна својата 6-та последователна победа. Кевин Дурант поради повреда не настапи на оваа средба, а најзаслужни за победата на гостите беа Џејмс Харден со дабл-дабл учинок од 37 поени, 11 скока и 7 асистенции, Кари Ирвинг со 28 поени, 8 асистенции и 4 скока и Деандре Џордан со дабл-дабл учинок од 13 поени, 11 скока и 4 блокади.
Клиперси го доживеаја својот 10. пораз сезонава, а најпрецизни во редовите на домаќинот беа Пол Џорџ со 34 поени, 7 асистенции и 6 скока, Кавај Леонард со дабл-дабл од 29 поени и 13 скока и Ивица Зубац со 13 поени и 8 скока.
- Продолжуваат поразите на Кавалирс
Оклахома Сити Тандер како гостин го совлада Кливленд Кавалирс со 101:117 и ја постигна својата 12. победа сезонава.
Во редовите на Тандер најпрецизен играч беше Шеј Гилџес-Александер со 31 поен, 9 асистенции и 4 скока, а свој придонес во победата на гостите дадоа Ал Хорфорд со постигнати 16 поени и 8 скока, Хамиду Диало со 15 поени и Тео Маледон со постигнати 14 поени.
Кавалирс го претрпе својот 10-ти последователен пораз. Најпрецизен кај домаќините беше Колин Секстон со 27 поени, 5 скока и 3 асистенции, Џарет Ален со дабл-дабл учинок од 26 поени, 17 скока и 3 блокади, при што имаше 11 коша од 11 обиди. Дариус Гарланд постигна 21 поен и 8 асистенции. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, го заврши натпреварот со 6 поени, 4 асистенции и 3 украдени топки.
- Репторси го совладаа лидерот Севентисиксерс
Во натпревар меѓу екипите од Источната конференција, екипата на Торонто Репторс како домаќин ја совлада екипата на Филаделфија Севентисиксерс со 110:103.
Ова е 4-та последователна победа на Репторс, а најзаслужни за тоа во редовите на домаќините беа Фред Ванвлит со 23 поени, 9 асистенции и 5 скока, Паскал Сајакем со 23 поени, 8 асистенции и 7 скока и Крис Бучер со 17 поени и 5 скока.
Екипата на Севентисиксерс, која го претрпе својот 11. пораз сезонава, досега има 20 победи. Најпрецизен кај гостите беше Бен Симонс со 28 поени, 9 скока и 5 асистенции, Џоел Ембид со дабл-дабл учинок од 25 поени и 17 скока и Тобајас Херис со 13 поени, 7 асистенции и 4 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Резултати:
Њу Орлеанс Пеликанс - Бостон Селтикс 120:115
Кливленд Кавалирс - Оклахома Сити Тандер 101:117
Орландо Меџик - Детроит Пистонс 105:96
Торонто Репторс - Филаделфија Севентисиксерс 110:103
Њујорк Никс - Минесота Тимберволвс 103:99
Атланта Хоукс - Денвер Нагетс 123:115
Лос Анџелес Клиперс - Бруклин Нетс 108:112
Милвоки Бакс - Сакраменто Кингс 128:115.