?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Шпанскиот возач Јорге Лоренцо од тимот Јамаха ја прослави победата на денешната финална трка, со што по трет пат стана светски првак во својата кариера, јавува Anadolu Agency (АА).
Лоренцо во трката од четири километри започна со првото место како најдобар од тренинзите и не ја изгуби својата водечка позиција во сите 30 круга.
Со време од 45: 59.364 Лоренцо ja прослави седмата победа во оваа сезона, а 40-та победа во кариерата, но ова е за него посебно важна бидејќи беше пресудна за освојување на титулата светски првак, за која Лоренцо беше во дуел со неговиот клубски колга Валентино Роси.
Второпласиран на Валенсија Гранд Прих беше возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, а третопласиран беше неговиот тимски колега Дани Педроса.
Италијанскиот возач Роси трката ја започна од последната позиција поради суспензија за туркање на Маркез на претходната трка во Малезија.
Лоренцо ја заврши сезоната со 330 поени, пет повеќе од Роси, а по 2010 и 2012 година по трет пат стана светски шампион во Мото ГП.
Трето место во оваа сезона со 242 поени беше Маркез, кој ја освои титулата на светски шампион од последните две години.