?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
Во натпреварот од четвтото коло од Евролигата, во групата А, кој се играше во гравниот град на Србија, турскиот Фенербахче го победи домаќинот Црвена Sвезда, со конечен резултат 74:60, јавува Anadolu Agency.
Пред повеќе од 16 илјади навивачи во Комбанк Арената, Црвена Sвезда веќе во петата минута од првата четвртина, во најголем дел поради пресингот по целиот терен на кошаркарите на Фебербахче, губеше со 2:17.
Со врзани деевет поени Владимир Штимац успеа да ја симне разликата, а на крај од првата четвртина резултатот беше 19:25.
Во втората четвртина, и двата тима постигнаа малку поени, а на пауза отидоа со резултат 31:45 за турскиот тим.
За време на второто полувреме, во третата четвртина Фенербахч дојде до најголемата предност на натпреварот од 40:59.
Кошаркарите на Црвена Sвезда успеаа до крајот на натпреварот да ја намалат разликата, за да конечниот резултат биде 74:60.
Најефикасниот кошаркар на натпреварот во тимот на Црвена Sвезда беше Владимир Штимац, со постигнати 13 поени, додека во турскиот тим Фенербахче, најефикасен беше Перо Антиќ со постигнати 14 поени.
Во групата А од Евролигата, со оваа победа Фенербахче ја забележа третата победа, додека Црвена Sвезда загуби по трет пат.