?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ е победник на MNP Paribas Paris Masters турнирот, јавува Anadolu Agency (AA).
Српскиот тенисерски ас Ѓоковиќ во денешното финале славше уверлива победа со резултат 2:0 во сетови против британскиот ривал Енди Мареј и така го освои 58 трофеј во кариерата.
Резултатот 6:2 по сетови е јасен показател дека Ѓоковиќ не му даде можност на Мареј да направи изненадување, но мечок секако ги исполни очекувањата на публиката бидејќи се видени бројни фантастични потези и поени, карактеристични за дуел помеѓу овие два великани Ѓоковиќ во петок во четвртфинале го совлада Томас Бердих со 2:0 во сетови, а вчера пласманот во финалето го избори со победата над Стан Вавринк со резултат 2:1.
Во сезоната од соништата Ѓоковиќ руши рекорди. Денеска славеше во 14 последователно финале од оваа сезона и ја освои рекордната шеста титула во Мастерс серијата. Четврти пат го освои турнирот во Париз.