Jeyhun Aliyev
04 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
Руските обвинители од судот во регионот на Москва побараа затворска казна од 9,5 години за американската НБА-кошаркарка Бритни Гринер (31) поради поседување масло од канабис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Градскиот суд во Химки исто така побараа и парична казна од 1 милион рубли (околу 16.600 долари) за американската кошаркарка.
Гринер беше уапсена во февруари оваа година на Аеродромот „Шереметјево“ во Москва, откако руските власти тврдеа дека кај неа пронашле масло од канабис.
Таа претходно во јули се изјасни за виновна за обвиненијата за дрога, но тврдеше дека користела медицински канабис за лекување болка и негираше дека има намера да го прекрши рускиот закон.
САД претходно предложија да се ослободат двајца Американци во руски притвор - Бритни Гринер и Пол Вилан.
Вилан беше притворен во Русија од 2018 година под обвинение за шпионажа.