Associated Press
15 Јуни 2024•Ажурирај: 18 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одобри неутрален статус за 14 руски и 11 белоруски спортисти кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз, пренесува Анадолу.
Комисијата проверуваше дали спортистите изразиле поддршка за руската инвазија на Украина и дали имале конекции со спортски клубови поврзани со армијата или службите за државна безбедност.
Комисијата за проверка во првиот круг оцени пет спортски дициплини - велосипедизам, гимнастика, теквондо, кревање тегови и борење и одлучуваше за статусот на спортистите од Русија и Белорусија.
Листата на спортисти од другите олимписки дициплини на кои ќе им биде дозволено учество најверојатно ќе биде објавена за неколку дена.
Сѐ уште не е јасно колку руски спортисти ќе настапат на Олимписките игри кои се одржат од 26 јули до 11 август.
МОК не одобри ниту еден спортист во теквондо, спорт во кој рускиот тим освои две од осумте златни медали на игрите што се одржаа во Токио пред три години.
На индивидуалните спортисти со руски и белоруски пасоши им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални во квалификациските настани во повеќето други спортови, а потоа да се пријават за учество на Олимписките игри.
Процесот на верификација за неутрален статус се одвива во два круга, прво во управните тела на спортските дициплини, а потоа пред МОК. Можни се жалби до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Русија и Белорусија нема да имаат претставници во екипните спортови на Олимпијадата во Париз поради војната во Украина.