Hüseyin Burak Demirer
23 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
ЊУЈОРК (АА) - Возачот на Ферари, Карлос Саинц, беше најдобар во квалификациите и се избори за стартната позиција на трката во Формула 1 што доцна вечерва ќе се вози за Големата награда на САД, известува Агенција Анадолија (АА).
Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува вечерва со 19. трка во сезоната што се вози на патеката долга 5.513 метри во Остин, во американската сојузна држава Тексас.
Од првата позиција ќе стартува 28-годишниот Шпанец Карлос Саинц, кому ова му е втора пол позиција во кариерата.
И Шарл Леклер, вториот возач на Ферари, беше добар на квалификациите и го освои второто најдобро време, но поради замената на болидот ќе назадува на стартната позиција за 10 места, а втората стартна позиција му ја препушти на моментално водечкиот и актуелен шампион, Макс Верстапен, возачот на Ред Бул.
Од третата позиција ќе стартува поранешниот светски првак Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес.
Верстапен е лидер на светскиот поредок во Формула 1 со 366 бода, по кој следува неговиот клупски колега Серхио Перез со 253 бода, а на третата позиција е Шарл Леклер со 252 бода.