Bedrudin Brljavac
19 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
ДОХА (АА) - Денес, 20 ноември, започнува Светското фудбалско првенство Катар 2022, а на првиот натпревар ќе настапат домаќинот Катар и репрезентацијата на Еквадор во рамките на групата „А“, известува Агенција Анадолија (АА).
На натпреварот со кој се отвора Мундијалот ќе суди 46-годишниот италијански судија Даниеле Орсато. Средбата меѓу Катар и Еквадор се игра на стадионот „Ал Бајт“, со капацитет од 60.000 гледачи, во недела, 20 ноември, со почеток во 17:00 часот.

Вкупно 32 репрезентации ќе се натпреваруваат на еден од најголемите спортски настани на планетата.
Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.
Селекцијата на Франција ја брани титулата светски шампион.
