Fatih Hafız Mehmet
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На истанбулскиот клуб Галатасарај вчера му беше доделен шампионскиот трофеј во за време на прославата на стадионот „Турк телеком“, јавува Anadolu Agency (AA).
Галатасарај во саботата по 21 пат стана шампион во турската Спор Тото Супер лига, откако одигра натпревар со Ѓозтепе, во кој победи со резултат 1-0.
Заменик-претседателот на турската фудбалска федерација Али Дурсут му го предаде трофејот на тимот на Галатасарај.
Навивачите на Галатасарај го исполнија најголемиот дел од стадионот, каде што пејачите Алејна Тилки, Беркај и и музичката група Грипин одржаа концерт.