????? ????????
30 Октомври 2015•Ажурирај: 31 Октомври 2015
Тренерот на Аrsenal, Arsene Wenger, пофално зборуваше за квалитетот на Championship, односно англиската Втора лига, откако неговиот тим беше елиминиран од Лига Купот од Sheffield Wednesdaya со резултат 3:0, пренесува Anadolu Agency (AA).
Sheffield Wednesday, кој е моментално деветопласиран тим во Втората лига на Англија, синоќа го совлада Арсенал.
Wenger, после поразот , изјави дека сега многу повеќе ќе им се посвети на другите натпревари.
“Кога се би било идеално, секако дека би сакал да победивме. Факт е дека со тоа сега ќе може да се концентрираме на преостанатите натпревари, но не сакам да го користам тоа како изговор” , изјави Wenger.
Тој нагласи дека се повеќе одлични фудбалери има во Втората лига.
“Како што кажав и пред натпреварот, поради големиот број на странски играчи кои играат во Премиер лигара имате се повеќе и повеќе добри поединци кои настапуваат во Championship-от, поради што е се потешко да се настапува со помладите состави против нив. Нивото на играта нагло порасна, па само искуството веќе не е доволно да се поведува на вакви натпревари", изјави Wenger.