Süleyman Elçin
04 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Бразилскиот фудбалер Луиз Адриано кариерата ја продолжува во редовите на турскиот прволигаш Анталијаспор, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Добре дојде, Луиз Адриано“ - напишано е на клупските профили на социјалните мрежи, а во текстот се наведува дека со 35-годишниот Бразилец е потпишан договор на 1,5 година.
Во објавата е споделено и кратко видео во кое се упатени зборови за добредојде на новиот член на клубот.
„Јас сум Луиз Адриано. Тука сум да го остварам невозможното“, вели во кратка порака Луиз Адриано, некогашниот фудбалер на Интернационал, Шахтјор Доњецк, ФК Милан, Спартак Москва и Палмеирас.
Адриано кратко го носеше и дресот на репрезентацијата на Бразил.