Ekipa
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
ЛЕВЕРКУЗЕН (АА) - Раководството на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен го отпушти тренерот Хеико Херлих, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од клубот е соопштено дека Херлих е отпуштен поради стагнација во напредувањето на клубот, а отказот ја изненади фудбалската јавност со оглед на тоа што тимот оствари 4 победи во последните 5 натпревари.
Во соопштението се наведува дека Баер од клупата и понатаму ќе го води поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Петер Бос, кој потпиша договор до летото 2020 година.
Бос минатата година го донесе тимот на Ајакс до финалето на Лига Европа и беше желба на раководството на Баер од Леверкузен, но холандскиот експерт одлучи да се пресели во Дортмунд.
Тимот на Леверкузен се наоѓа на 9. место на табелата во Бундеслигата со 24 поени од 17 одиграни натпревари.