Abdulkadir Karakaya
07 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ЛОНДОН
Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин ќе го искористи прекинот на натпреварите во Премиер лигата поради Ковид-19 и наскоро ќе започне со служење на задолжителниот воен рок во својата татковина, Јужна Кореја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Тотенхем се наведува дека Сон минатата недела отишол во Јужна Кореја и е сместен во карантин.
Sвездата на лондонскиот тим по двонеделниот карантин ќе служи четири недели задолжителен воен рок, откако во мај би требало да се врати во Лондон.
Сепак, фудбалските лиги во Велика Британија, кои се суспендирани поради коронавирусот, нема да започнат ниту во мај.
Потсетуваме, Сон се извлече од 21 месечен воен рок бидејќи во 2018 година ја водеше селекцијата на Јужна Кореја до титулата прваци на Азија.