свет

Џибути: Бројката на загинати мигранти при превртување на брод се искачи на 42

Во март оваа година се удавија најмалку 20 од 80 мигранти, кои шверцерите на луѓе во Џибути ги фрлиле во морето

Gökhan Kavak  | 13.04.2021 - Обновена : 14.04.2021
Џибути: Бројката на загинати мигранти при превртување на брод се искачи на 42

НАЈРОБИ

Најмалку 42 мигранти загинаа при превртување на брод во Џибути, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Одделот на Меѓународната организација за миграции (IOM) за Јемен, Оливија Хеадон, потврди дека мигрантите на бродот, што се преврте вчера, тргнале од Јемен, кој е средиште на судири и економска криза.

Таа истакна дека бројот на загинатите е зголемен на 42 лица.

Директорот на Одделот на Меѓународната организација за миграции (IOM) за Источна Африка и Африканскиот Рог, Мохамед Абдикер, на социјалната мрежа Твитер потврди вчера дека се превртел брод што бил во сопственост на шверцери на луѓе.

Во март оваа година се удавија најмалку 20 од 80 мигранти, кои шверцерите на луѓе во Џибути ги фрлиле во морето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.