Dildar Baykan
30 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
ЊУЈОРК (АА) - На традиционалната новогодишна прослава која ќе биде организирана на познатиот „Тајмс сквер“, присутните ќе се присетат и на Џамал Кашоги, новинарот кој во октомври беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми јавуваат дека овогодишната тема на спуштањето на кристалната топка која означува влез во новата година, ќе биде слободата на медиумите, а за време на прославата присутните граѓани ќе се присетат на Кашоги и на другите убиени медиумски работници.
Копчето кое ќе ја спушти кристалната топка ќе го притиснат претставниците на „Вашингтон тајмс“ (The Washington Times), за кој пишуваше Кашоги, како и на „Њујорк тајмс“ (The New York Times) „Си-би-ес“ (CBS), „Си-ен-ен“ (CNN) и на други медиумски куќи.
Челникот на организацискиот тим на „Тајмс сквер“, Тим Томпкинс, изјави дека ќе ги пренесат најважните настани од минатата година, ќе се присетат на работите и луѓето на кои најмногу им се придава важност и дека со надеж ќе погледнат во иднината.
„Оваа година ќе се присетиме на слободата на медиумите и на оние кои вложуваат напори таа да биде заштитена и применета“, изјави Томпкинс, додавајќи дека до идејата го довело убиството на Кашоги.
Се очекува Новата година на „Тајмс сквер“ да ја дочекаат околу 2 милиона луѓе, поради што ќе бидат преземени високи безбедносни мерки.