Ekip
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ПАМПЛОНА (АА) - Шпанските официјални лица објавија дека најмалку две лица се избодени, а уште неколку се повредени за време на друга трка со бикови на улицата на Фестивалот Сан Фермин во северниот град Памплона, јавува Anadolu Agency (AA).
Хосе Алдаба, портпаролот на Црвениот крст, денес изјави дека едно лице е избодено во раката а другото на задната страна.
Биковите од ранчот на Хосе Есколар трката по улицата долга 850 метри ја поминаа за нешто подолго од четири минути. Инаку просек на траењето на трката е околу три минути.
Двајца Американци и Шпанец се избодени во првата трка вчера. Сите тројца се наоѓаат на лекување во болницата поради повреди кои не се опасни по живот.
Деветдневната прослава Сан Фермин ја попурализираше Ернест Хемингвеј, добитникот на Нобеловата награда за книжевност, во својата новела “The Sun Also Rises“ ( „Сонцето повторно се раѓа“), од 1926 година.