Ali Cura,Dmitri Chirciu
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
МОСКВА
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека сега има повеќе земји во светот од времето кога се основани Обединетите нации (ОН), и дека ОН и Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) треба да се приспособат на новите реалности, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров одговори на прашањето за изјавата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој рече „Тврдиме дека судбината на човештвото не може и не треба да се остави на милост и немилост на неколку држави кои победија во Втората светска војна“.
„Се согласувам со Ердоган дека 5-те постојани членки на ОН немаат право да ја диктираат судбината на светот, а СБОН навистина не тврди дека тие го имаат ова право. Петте земји тврдат дека ги имаат овластувањата кои се наведени во повелбата на ОН. Тоа ја отсликува заедничката волја на сите членови на меѓународната заедница и овие 5 членови преземаат посебна одговорност за ситуацијата во светот, пред сè за да избегнат глобален конфликт“, рече Лавров.
Посочувајќи дека глобалниот конфликт се избегнуваше 75 години, Лавров рече: „Се надевам дека оваа ситуација ќе продолжи. Има потреба ОН и СБОН да се приспособат на новите реалности. Бидејќи не постојат 50 земји во светот, толку беа кога се основаа ОН. Кога се зголеми СБОН од 12 на 15 членови имаше 70 држави. Сега има многу повеќе, 193 членови.“
Министерот за надворешни работи на Русија нагласи дека земјите во развој, исто така, сакаат да учествуваат во СБОН.
„Се разбира, земјите во развој, исто така, со право инсистираат да ја зголемат својата застапеност во ова тело на ОН. Сега, најмалку 6 од 15-те членови на ОН се западни. Затоа, се разбира, нема потреба да се додаде место во ова тело за Западот. Треба да се додадат места за земјите во развој од Азија, Африка и Латинска Америка“, додаде Лавров.