Emre Gürkan Abay
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
МОСКВА
Шефот на Националната безбедносна служба на Ерменија, Аргишти Крјамјан, е разрешен од функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Крјамјан е разрешен од оваа функција преку декретот потпишан од страна на претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан.
Декретот е објавен на интернет-страницата на Претседателството на Ерменија.
Се вели дека одлуката за неговото разрешување е донесена по предлогот на ерменскиот премиер Никола Пашинјан.
Во декретот не се споделени информации околу причината за разрешувањето на Крјамјан.