Atila Altuntaş
24 Октомври 2022•Ажурирај: 26 Октомври 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Министерот за одбрана на Шведска, Пол Јонсон, истакна дека неговата земја во НАТО треба да биде примена во исто време со Финска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јонсон во рамки на посетата на финскиот главен град Хелсинки, се состана со министерот за одбрана на Финска, Анти Кајконен, а по средбата одржаа заедничка прес-конференција.
„Одлуката на Финска и Шведска за приклучување во НАТО е историска. Треба да бидеме примени во НАТО во исто време со Финска. Вршиме работи и преземаме мерки во оваа насока“, нагласи Јонсон.
Тој нагласи дека Финска е нивниот најблизок партнер во областа на одбраната и безбедноста.
Од друга страна, финскиот министер Кајконен рече дека Шведска е најблискиот партнер на неговата земја и дека ова партнерство ќе продолжи и во НАТО.