Atila Altuntaş
18 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, изјави дека е неприфатливо Русија да ги зголемува тензиите во Украина и нејзината околина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Линде во Стокхолм се состана со шведскиот министер за одбрана, Питер Хултквист, по што зборуваше на прес-конференција каде што се осврна на руско-украинската криза.
„Русија ги зголемува тензиите околу Украина. Сметам дека е неприфатливо Русија да го загрозува безбедносниот систем на некои европски земји“, рече Линде.
Таа додаде дека Шведска планира да ги повлече своите трупи од Мали, објаснувајќи дека политичките случувања во таа земја тргнале по погрешен пат.
„Сегашното раководство на хунтата ги одложи на пет години изборите што требаше да се одржат во февруари. Сведоци сме дека руската компанија Вагнер се наоѓа во земјата и тоа го сфаќаме многу сериозно. Затоа планираме да ги повлечеме шведските војници од регионот“, порача Линде.