Ekipa
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарското извршно тело ќе обезбеди 1,3 милијарди швајцарски франци (околу 1,1 милијарди евра) за ЕУ, за да помогне во намалувањето на нееднаквоста со којашто се соочуваат некои од членките на Унијата, особено од источниот дел на Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Федералниот совет за средства планира парите да ги издвојува во наредните десет години, воглавно за обука и образование во земјите на источна Европа, од каде што во последните години во Швајцарија стигнаа многу мигранти.
Идејата е да се помогне во намалувањето на невработеноста во тие земји и да се подобри управувањето со миграциските текови.
Оваа вест е објавена денес, по посетата на Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија на главниот град на швајцарија, Берн.
Посетата дојде по неодамнешните тензии на релација ЕУ - Швајцарија, поради прекуграничниот сообраќај.
Богатата алпска земја не е членка на ЕУ, но има клучни трговски врски со неа и претходно придонесуваше за слични европски фондови.