Can Erözden
25 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Челниците на турската новинска агенија „Anadolu Agency“ и кинеската новинска агенција „Синхуа“ денес потпишаа договор за соработка во главниот турски град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-генералниот директор и главен уредник на АА, Метин Мутаноглу и Јан Венбин, заменик-претседателот на новинската агенција „Синхуа“, го потпишаа договорот во седиштето на АА.
Во договорот спаѓа размена на вести меѓу двете новински агенции, на турски, кинески и на англиски јазик.
По церемонијата на потпишување, Мутаноглу го прими Јан и неговата делегација во уредничкиот деск на АА, каде што двајцата челници ја нагласија важноста за зајакнување на врските меѓу Турција и Кина, како и на врските меѓу новинските агенции.
Мутаноглу на својот колега од Кина му подари публикации кои АА ги објави за натпреварот „Istanbul Photo Awards“ и за обидот за воен удар во Турција.
Страните, исто така направија и фотографија во знак на посетата на кинеската делегација во седиштето на АА.