Şerife Çetin
08 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, помеѓу 9 и 11 февруари ќе оствари официјална посета на Кувајт, Оман и Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Турција.
Во соопштението се нагласува дека Чавушоглу во рамки на овие посети ќе се состане со неговите колеги, како и со други високи претставници на овие земји.
Според ова соопштение, на средбите кои ќе се реализираат во рамки на посетите, ќе се разговара за различните аспекти на билатералните односи.
Се истакнува дека на средбите ќе бидат разменети мислења за регионалните и меѓународни прашања.
Во соопштението се наведува дека Чавушоглу исто така ќе се состане и со турските бизнисмени.