Ayhan Şimşek
23 Април 2026•Ажурирај: 23 Април 2026
Реза Пахлави, син на последниот ирански шах кој живее во егзил, денес беше испрскан со црвена боја за време на посетата на Германија откако еден активист му се спротивстави поради неговиот став за војната во Иран, јавува Анадолу.
Откако ја напушти Федералната прес-конференција во централниот дел на Берлин и се упати кон возилото придружуван од обезбедувањето, активистот му пристапува и ја фрла течноста, која го посипува во пределот на вратот и рамената, покажуваат видеоснимките од местото на настанот.
Полицијата го совлада осомничениот и го лиши од слобода. Веднаш по инцидентот, Пахлави влезе во своето возило и го напушти местото.
Претходно истиот ден Пахлави ја повтори својата поддршка за американските и израелските напади врз Иран, нарекувајќи ја воената кампања „хуманитарна интервенција“ неопходна за соборување на актуелниот режим.
„Гаѓањето на инфраструктурата на режимот и неговите механизми за присила е токму она што иранскиот народ всушност го бараше“, изјави тој пред новинарите на прес-конференцијата.