Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Воли Фанк, најстарата жена што отпатува во вселената, почина на 87-годишна возраст

- Таа е прва жена што работела како инспектор за летање за Федералната администрација за воздухопловство, а подоцна и прва жена истражител за Националниот одбор за безбедност на сообраќајот
Berk Kutay Gökmen
10 Јули 2026•Ажурирано: 10 Јули 2026
Content media
ИСТАНБУЛ

Воли Фанк, највозрасната жена што отпатува во вселената и пионерка во воздухопловството, која доброволно учествуваше во Програмата за жени во вселената на НАСА од 1961 година, почина на 87-годишна возраст, јавува Анадолу.

Според портпаролката на градот Грејпвајн, Мона Кинтанила, Фанк починала во средата вечер во својот дом во Грејпвајн, Тексас.

„Воли беше сакана жителка на Грејпвајн, чии извонредни достигнувања и великодушен дух оставија трајно наследство“, се наведува во објавата на Фејсбук.

„Градот Грејпвајн се гордее со Воли Фанк, чија извонредна кариера инспирираше генерации со кршење на бариерите во авијацијата и истражувањето на вселената. Фанк и понатаму ќе биде светски симбол на решителност, упорност и извонредност.“

Таа, родена ена 1 февруари 1939 година, ѝ го посвети својот живот на авијацијата, градејќи кариера обележана со многубројни револуционерни достигнувања.

На само 16 години таа се запишува на колеџот Стивенс во Колумбија, Мисури, каде што се вклучува во женскиот авијациски клуб на училиштето. Според Музејот на летови „Лоунстар“ во Хјустон, таа добила пилотска лиценца следната година.

И покрај тоа што била одбиена од авиокомпаниите дури и откако добила сертификат за пилот за авиотранспорт, Фанк била решена да успее.

Таа е прва жена што работела како инспектор за летање за Федералната администрација за воздухопловство, а подоцна и прва жена истражител за Националниот одбор за безбедност на сообраќајот.

Таа е најстара жена што патувала во вселената на 82-годишна возраст на летот со Џеф Безос во јули 2021 година.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
 САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија

САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија

Следно

Јапонските пратеници усвоија закон за справување со сè помалиот број членови на царското семејство

Јапонските пратеници усвоија закон за справување со сè помалиот број членови на царското семејство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јапонските пратеници усвоија закон за справување со сè помалиот број членови на царското семејство

Азербејџан и турски „Бајкар“ разговараат за проширување на заедничкото производство на одбрана

84-годишен пензионер веќе 57 години ги претвора дрвото и металот во уметност

Воли Фанк, најстарата жена што отпатува во вселената, почина на 87-годишна возраст

Во уметноста на стаклото, со која почнала од инает кон татко ѝ, ги обликува своите соништа

САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија

Третиот топлотен бран во Италија се очекува да трае до 20 јули

Погледни сè