AP
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за трговија, Матијас Фекл, денес изјави дека од ЕУ ќе побара да ги укине преговорите со САД за слободната трговија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фекл за радиото „РМЦ“ изјави дека е потребен јасен и дефинитивен прекин на преговорите за предложеното Партнерство за трансатлантска трговија и вложување. Неговата социјалистичка влада овој договор го гледа како премногу пријателски настроен во американскиот бизнис, а како што рече тој, преговорите за тоа би можеле да се продолжат доколку пошироките тровски односи на ЕУ и САД се подобрат.
Обвинувајќи ја американската страна дека нуди само ронки, Фекл изјави дека Франција ќе побара од Европската комисија (ЕК) да ги спречи преговорите на состанокот на министри за трговија, во Словачка, наредниот месец.
Германскиот министер за економија и вицеканцелар, Сигмар Габриел, во неделата изјави дека пропаднале преговорите меѓу Европската Унија (ЕУ) и САД за слободна трговија, но дека американскиот официјален претставник за трговија истакнал дека страните постигале континуиран напредок.
Преговорите за склопување на Партнерството за трансатлантска трговија и вложување се отворени во јули 2013 година. Целта на преговорите е отстранување на препреките во трговијата (царини, непотребни прописи, ограничување на вложување во широк спектар на економскиот сектор со цел да се олесни купувањето и продавањето на стоки и услуги меѓу ЕУ и САД.