Alaattin Doğru
25 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Извршен е напад врз џамија во градот Дижон, во источниот дел на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, ноќта на 23 декември биле фрлани камења со што е оштетена џамијата „Нур“ во Дижон, во францускиот регион Бургундија.
Мухамед Ел Амрани, вработен во џамијата, во утринските часови додека одел на утринска молитва забележал дека со камења биле скршени прозорците на главниот влез на џамијата.
Ел Амрани случајот го пријавил во полиција, при што полициските службеници ги испитувале видеоснимките од безбедносните камери.
На снимките било забележано како поединец со покриено лице, дошол со скутер, првин кружел околу џамијата, а потоа фрлал со камења кон прозорците.
Во соопштението на гувернерството на Бургундија се наведува дека го осудуваат овој напад, и дека обвинителството, како и безбедносните сили се мобилизирани за фаќање на сторителот или сторителите.