Yusuf Özcan
04 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Најмалку две лица смртно настрадаа во напад во подрачјето Роман-сур Исер на југот на Франција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во нападот со нож повредени се седум лица.
Локалните медиуми наведуваат дека напаѓач во центарот на округот Римјан-Сур Исер, каде што е воведена забраната за движење поради новиот вид коронавирус, со нож нападнал многу луѓе околу 11 часот по локално време.
Смртно настрадаа две, а повредени се седум лица. Уапсен е напаѓачот за кого се тврди дека е Суданец, кој поднел барање за азил во таа земја.