Şerife Çetin
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
ЛУКСЕМБУРГ (АА) - Министерот за бегалци и миграции на Белгија, Тео Франкен, изјави дека доколку не се реши проблемот со бегалската криза, Европската Унија (ЕУ) ќе се распадне во рок од неколку години, јавува Anadolu Agency (AA).
Франкен пред состанокот на Европскиот совет за внатрешни работи и правда во Луксембруг изјави дека Европа е една куќа и веќе три години се расправа кој во која соба ќе престојува.
„Но прво би требало да ја затвориме предната и задната врата на куќата“, смета Франкен, и додаде дека во ЕУ не се дискутира за суштинските проблеми кога станува збор за бегалската криза.
Тој изјави дека за решавањето на бегалската криза би требало да се усвои австралискиот модел и дека така во потполност ќе бидат запрени илегалните миграции, а додека вратите на бегалците кои доаѓаат по легален пат, ќе бидат отворени.
Истакна дека со Тунис би требало да се потпише договор сличен на оној меѓу ЕУ и Турција.
Смета дека така би се отворила можноста мигрантите кои доаѓаат од Либија, повторно да бидат вратени во Тунис.
Тој додаде дека членките на ЕУ нема да покажат солидарност сè додека не им се затворат сите врати на илегалните мигранти.
„Го подготвуваме својот крај. Доколку не се реши проблемот со бегалската криза, ЕУ ќе се распадне за неколку години“, смета Франкен.