Halit Süleyman,Mohamad Misto
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
ХАН ШАЈКУН (АА) - Сириецот Абдулхамид ал Јусуф се збогува со деветмесечните син и ќерка, Ахмед и Аја, кои во вторникот загинаа во нападот со хемиско оружје во сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографијата од таткото Абдулхамид кој во рацете ги држи деветмесечните близнаци го обиколи светот.
Абдул Хамид Аљусев ги изгуби своите две деца, сопругата и други роднини во нападот со хемиско оружје што во вторникот се случи во сирискиот северен град Хан Шејхун, при што загинаа најмалку 72 лица.
„Моите деца не се првите деца што загинаа во Сирија. Веќе шест години нашите деца умираат на нашите раце. Ништо не е преземено во врска со тоа“, изјави Јусуф.
Откако беше отпуштен од болница, Јусуф придружуван од пријател дојде да го посети гробот на своите близнаци. Тој не сакаше да се оддели од надгробната плоча на која се врежани имињата Аја и Ахмет.
„Од меѓународната заедница, особено од земјите од Заливот, слушаме само зборови. Сепак, ние сме тука и ќе бидеме трпеливи до крај. Еден ден ќе победиме. Нa целиот свет ќе му покажеме колку сме трпеливи. Ние не сме ни први ни последни, ова уште ќе трае. Веќе шест години нашите деца умираат на нашите раце. Ништо не е преземено во врска со тоа“, рече низ солзи Јусуф.
Во ужасниот напад со хемиско оружје, кој беше извршен во вторникот во сирискиот град Идлиб, околу 100 цивили загинаа, претежно жени и деца, а околу 500 луѓе ги почувствуваа последиците од нападите.