Dilara Hamit
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
АНКАРА (АА) - Фоторепортер на Anadolu Agency (AA) го освои третото место на „Sony World Photography Awards“ (Светските награди за фотографија на Сони) за 2019 година, за фотографиите направени на демонстрациите на границата со Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Хасона ја освои својата четврта награда во 2019 година за серијата фотографии од протестите на Палестинците наречени „Големото враќање“.
Наградената фотографија на која е фотографиран демонстрант од Газа, кој во едната рака држи палестинско знаме, додека со другата рака замавнува со чатал, беше вклучена во најпознатите слики од целиот свет.
Фотографијата на 22-годишниот Аид Абу Амр, во чија позадина се шири црн чад, наликува на уметничката претстава на француската револуција од Јуџин Делакроа, насловена како „Слободата го води народот“, во која се прикажани револуционери предводени од жена со француско знаме во раката и бајонет со мускета.