Atila Altuntaş
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
СТОКХОЛМ (AA) – Полицијата го бара лицето што фрли две рачни бомби во дворот на северноафриканската џамија во градот Есполо, Финска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата од полицискиот оддел на Есполо се истакнува дека нападот бил организиран пред три дена за време на терави намаз (намаз кој се клања за време на Рамазан), и дека напаѓачот од местото на настанот избегал со возило.
Во соопштението, исто така, се вели дека напаѓачот во џамијата фрлил две домашно изработени рачни бомби, и дека при експлозијата немало мртви или повредени.
Пред 3 месеци во главниот град Хелсинки, на ѕидот на една џамија биле напишани зборови со говор на омраза против исламот.