Bedrudin Brlyavac
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ХЕЛСИНКИ (AA) - Финските власти покренаа проект кој ќе им овозможи на вработените повеќе време да поминуваат со децата, така што ќе може да ги донесат на своето работно место на неколку часа или во текот на целиот работен ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесуваат финските медиуми, Туомас Куртила, омбудсманот за деца во Финска, изјави дека целта на оваа иницијатива е родителите и децата да поминуваат што повеќе време заедно, но и децата подобро да се запознаат со условите во кои работат нивните родители и на кој начин заработуваат пари.
Истакна дека до сега 800 компании го потпишале договорот според кој на родителите им се дозволува децата да ги донесат на работното место.
Децата ќе имаат можност во текот на неколку дена до крајот на овој месец заедно со родителите да престојуваат во канцеларии во државните министерства, општините и другите компании.
„На овој начин членовите на семејството ќе може заедно да доживеат многу убави и корисни искуства и благодрни сме им на секоја од компаниите и институциите кои ќе прифатат да бидат дел од оваа идеја", рече Куртила во обраќањето пред новинарите.