Leila Nezirevic
08 Ноември 2024•Ажурирај: 12 Ноември 2024
ЛОНДОН (АА) - Финската влада понуди воспоставување база на својата територија за големи извидувачки беспилотни летала на НАТО, известува Анадолу.
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, во моментов се активни беспилотните летала од Италија кои во август го прелетаа и финскиот воздушен простор за да соберат разузнавачки информации долж источната граница на оваа земјата.
Финското воено воздухопловство има четири алтернативни бази, од кои Пиркала е најверојатната локација, пишува финскиот „Yle“.
Плановите на НАТО за новата база сѐ уште се во рана фаза и се очекува одлуката за локација на базата за беспилотни летала ќе биде донесена следната година.
Воената алијанса потврди дека има потреба од локација за набљудувачки дронови во северна Европа.
Финска ги зајакна своите одбранбени капацитети по пристапувањето во НАТО на 4 април 2023 година, што го промени балансот на силите во северна Европа и резултираше со раст на тензиите со Русија.
Членството на Финска во НАТО поттикна воени закани од Кремљ, а рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ја „вовлекува“ Финска во воениот сојуз и создаде раздор меѓу Москва и Хелсинки.