Aynur Şeyma Asan
27 Јули 2023•Ажурирај: 28 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Триесет лица загинаа како резултат на превртувањето на патничкиот брод што се движел по езерото Лагуна де Бај во подрачјето на Ризал на Филипини, пренесува Анадолу.
Според веста на новинската агенција „Ксинхуа“, крајбрежната стража на Филипини објави соопштение во врска со оваа несреќа.
Крајбрежната стража соопшти дека според првичните сознанија 30 лица загинале при превртувањето на бродот во ова езеро.
Се истакнува дека во несреќата се спасени 40 лица. Се претпоставува дека на овој брод се наоѓале 70 патници.
Според соопштението, чамецот се превртел како последица на сместувањето на патниците на една страна од бродот што бил потресен од силниот ветер.