свет

Филипини: Нова експлозија на вулканот Таал

Националната агенција за намалување и управување со ризици од катастрофи (NDRRMC) соопшти дека експлозијата во вулканот сместен во Батангас одекнала во 9:19 часот по локално време

Ömer Faruk Yıldız  | 13.01.2020 - Обновена : 14.01.2020
Филипини: Нова експлозија на вулканот Таал ( Foto: Dante Diosina Jr / Anadolu Agency )

КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Утринава на Филипините дојде до нова експлозија на вулканот Таал, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националната агенција за намалување и управување со ризици од катастрофи (NDRRMC) соопшти дека експлозијата во вулканот сместен во Батангас одекнала во 9:19 часот по локално време.

Пепелта од вулканот се прошири на подрачјата кон север, а ја намалува видливоста и јужно од Манила.

Настрадани немаше, но од подрчајето околу вулканот се евакуирани повеќе од 6.300 лица.

Привремено се пролонгирани летовите од аеродромот во Манила. Во соопштението од аеродромот се наведува дека се откажани вкупно 240 летови.

Вулканот Таал е еден од десетте најактивни на Филипините. Официјалните претставници предупредуваат дека активноста на вулканот би можела да потрае.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın