Betül Yürük
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Советот на безбедност на ОН утре ќе одржи состанок за да се разговара за насилството над араканските муслимани во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Британскиот амбасадор во ОН, Метју Рајкрофт, изјави дека поради насилствата кои сѐ уште траат во Аракан, Велика Британија и Шведска побарале да се одржи состанок на СБОН.
Рајкрофт изјави дека членките на СБОН се загрижени заради сѐ полошата ситуација во којашто се наоѓаат Рохинџите, кои во голем број се обидуваат да побегнат од Аракан.
Податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци покажуваат дека бројот на аракански муслимани кои најдоа засолниште во Бангладеш, достигнал 313.000.
Под изговор за борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите неколку дена уништи десетици муслимански села чиишто жители, десетици илјади, беа принудени да бегаат кон соседен Бангладеш.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се одреди прецизен биланс на настраданите во нападите на муслиманските села. Локалните невладини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени лица.