Betül Yürük
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, утре во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Прес-службата на генералниот секретар соопшти дека Гутереш ќе го посети Киев по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за прашањето за војната во Украина.
Гутереш преку Полска ќе стигне во Киев, каде што ќе се сретне со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба и со украинскиот претседател Зеленски.
Обединетите нации соопштија и дека за време на посетата на Гутереш на Москва е постигнат договор за евакуација на цивилите од фабриката „Азовстал“ во Мариупол.