Ruslan Rehimov
06 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинските сили соопштија дека во изминатите 24 часа собориле два авиона на руската Војска, како и пет руски воени хеликоптери и едно беспилотно летало, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот на украинската Војска се наведува дека од двата срушени воени авиони скокнале четворица руски пилоти, од кои еден е мртов, а тројца се заробени.
Се додава дека украинската Војска успеала со проектили да погоди и собори пет руски воени хеликоптери во различни делови на Украина, како и едно беспилотно летало.