Ömer Faruk Yıldız
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Премиерот на Украина, Денис Шмигал, истакна дека за повоениот развој на неговата земја потребни се 750 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање на Конференцијата за развој на Украина во Лугано, Швајцарија, Шмигал се осврна на материјалната штета предизвикана од руските напади во Украина.
Шмигал нагласувајќи дека од почетокот на војната на 24 февруари, штетата причинета на инфраструктурата во Украина достигнала 100 милијарди долари, истакна дека за обновување на Украина потребно е да се спроведе план за развој во 3 фази.
Наведе дека во првата фаза секојдневниот живот на луѓето треба да се врати во нормала, во втората фаза се планираат привремени станови, болнички и училишни градби, додека во третата фаза се предвидува почеток на развојниот процес на земјата.
Шмигал рече дека за споменатиот план за развој се потребни 750 милијарди долари и праша: „Кој ќе плати за овој план за обнова?“
Од друга страна, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција најави дека Европската Унија (ЕУ) ќе создаде посебна платформа за Украина за да ги залечи повоените рани и да ја обнови економијата на земјата.
Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ испратила 6,4 милијарди долари финансиска поддршка за Украина од почетокот на војната, рече: „Ќе има поголема финансиска поддршка. Сериозно ќе се фокусираме на среднорочниот и долгорочниот процес на обнова.“
Конференцијата за развој на Украина ќе заврши утре. На конференцијата Туркије (Турција) ја преставува заменик-министерот за надворешни работи и директор за ЕУ-прашања, амбасадорот Фарук Кајмакџи.