свет

Украинскиот парламент од меѓународната заедница бара прогонот на кримските Татари да го признае како геноцид

- Во согласност со одлуката, Украина од сите меѓународни организации и институции ќе побара за геноцид да се прогласи прогонот над кримските Татари од 1944 година.

Talha Yavuz  | 02.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Украинскиот парламент од меѓународната заедница бара прогонот на кримските Татари да го признае како геноцид

АНКАРА

Украинскиот парламент денес ја изгласа одлуката за покренување на меѓународната кампања Советскиот прогон на кримските Татари да се признае за геноцид, јавува Агенција Анадолија (АА).

За нацрт одлуката гласаа 310 од вкупно 450 членови на украинската Врховна рада.

Во согласност со одлуката, Украина од сите меѓународни организации и институции ќе побара за геноцид да се прогласи прогонот над кримските Татари од 1944 година.

Таквото барање Украина ќе го упати до Обединетите нации, Европскиот парламент, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Парламентарното собрание на Организацијата за европска соработка и безбедност (ОБСЕ), Парламентарното собрание на Северноатлантскиот сојуз (НАТО), Парламентарното собрание на Организацијата на црноморската економската соработка и другите меѓународни институции и Влади.

Со одлуката која украинскиот парламент ја донесе од меѓународната заедница се бара 18 мај да се прогласи за Ден на сеќавање на жртвите на Советскиот прогон на Татарите од Крим.

Украинскиот парламент со новоусвоената одлука од меѓународните институции ќе бара и воведување на додатни санкции на Руската Федерација поради нелегалната анексија на Крим од 2014 година и кршењето на правата и слободата на тамошните Татари.

Советскиот сојуз на 18 мај 1944 година, со наредбата на тогашниот лидер, Јосиф Стајлин, изврши масовен прогон на Татарите од Крим во Сибир и другите региони на Централна Азија.

Советската војска во таа прилика протера повеќе од 250.000 Татари од Крим, од кои речиси половина го загубија животот за време на прогонот, а речиси половина од преживеание подлегнаа поради екстремно лошите услови на животот во местата во кои беа протерани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.