Davit Kachkachishvili
13 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
КИЕВ (АА) - Министерството за одбрана на Украина соопшти дека досега животот го загубиле повеќе од 12.000 припадници на руската Војска, која ја нападна нивната земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на украинското Министерство објавени се податоци за загубите на руската Војска од 24 февруари до 13 март.
Во соопштението се наведува дека животот го загубиле 12.000 руски војници, а уништени се 374 тенкови, 74 авиони, 86 хеликоптери, 1.226 оклопни возила, 140 артилериски орудија, 62 ракетни системи, 34 системи за противводушна одбрана и 600 возила на Вооружените сили на Русија.
Покрај тоа, во соопштението се наведува дека руската Војска загубила и три лесни глисери, 60 возила на гориво и 7 беспилотни летала во војната што Русија ја започна во Украина на 24 февруари.