Gözde Bayar
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
АНКАРА (АА) - Украина денеска објави дека од почетокот на војната загинале вкупно 19.800 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението украинскиот Генералштаб наведува дека Украинската армија досега уништила 158 руски авиони, 143 хеликоптери, 739 тенка, 1.895 оклопни возила, 358 артилериски системи и 7 чамци.
Според соопштеното, руските сили изгубиле и 115 системи на повеќецевни ракетни фрлачи, 1.429 возила, 76 резервоари за гориво, 64 противвоздушни системи и 132 беспилотни летала.
Најмалку 1.892 цивили загинаа и 2.558 други се повредени во Украина откако Русија ја започна војната, според пресметките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 4,6 милиони Украинци заминаа во други земји, а милиони други се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.