Talha Yavuz
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
КИЕВ
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, укажа на можноста Русија да ескалира криза од големи размери и дека најверојатниот период за тоа е крајот на јануари 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резников во Парламентот се осврна на кризата со Русија.
Наведувајќи дека се проценува дека околу границите на Украина има речиси 94.000 руски војници, Резников додаде дека разузнавачката служба работи на сите сценарија, вклучително и на најлошото.
Според разузнавачката служба, како што нагласи Резников, Русија најверојатно ќе предизвика криза од големи размери, а најверојатниот момент за тоа е крајот на јануари следната година.
Меѓу другото, украинскиот министер посочи дека тоа е можно сценарио и наведе дека нивна должност е да го спречат тоа.