Dmitri Chirciu
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
ХОСТОМЕЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Украина вчера потпиша заедничка изјава за соработка со неговите колеги од Полска, Естонија, Литванија и Летонија во украинскиот главен град Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денис Монастирски се сретна со Мариуш Камински од Полска, Кристијан Јаани од Естонија, Агне Билотаите од Литванија и Марија Голубева од Летонија на Аеродромот „Антонов“ во северозападното предградие Хостомел.
Говорејќи на церемонијата на потпишување, Монастирски рече дека соработката вклучува истрага за „воените злосторства“ извршени од руски војници во Украина, чистење мини, заштита на украинските бегалци во странство и третман на ранети војници.
Тој, исто така, рече дека Украина основала Меѓународен координативен центар за хуманитарно деминирање под Министерството за внатрешни работи на земјата.
За време на настанот, министрите за внатрешни работи ја изразија својата солидарност со Украина против Русија.
По церемонијата, беа наградени украинските војници кои учествуваа во судирите на Аеродромот „Антонов“.