Ali Cura
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
КИЕВ (АА) - Полицијата во село во близина на Киев, главниот град на Украина, за време на акција, организирана со цел приведување на група на крадци, по грешка отвориле оган врз друг. Во конфликтот загинаа пет полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Советникот во Министерството за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко, преку социјалните мрежи, соопшти дека полицијата подготвувала план и акција за приведување група крадци. Полицијата доби дојава дека групата ќе ограбува куќи во селото Kњазиќи во близина на Киев, по што на терен била испратена специјална единица. Двајца полицајци во цивилна облека се наоѓале во зграда на градилиштето во близина на куќата која била цел на грабежот, со цел да ги следат осомничените.
Пред акцијата се огласил алармот на куќата, поради што бил испратен на терен и втор тим. Службениците забележале две лица на градилиштето кои ги привеле мислејќи дека се крадци. Специјалниот тим забележувајќи дека нивните колеги се сместени во комбе, помислиле дека се киднапирани од страна на крадците.
Во судирот што се случи помеѓу специјалната единица и другите полициски службеници, загинаа пет полицајци, вклучувајќи и еден од специјалната единица. Покрената е истрага за овој настан.