Tuba Şahin
18 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Заедно со купувањето беспилотни летала од Турција, Украина ќе ја зајакне својата морнарица со корвети од класата „Ада“, благодарение на новиот договор меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Соработката во одбранбената индустрија меѓу Турција и Украина продолжува да расте“, соопшти на Твитер Претседателството на турските одбранбена индустрија (ССБ).
Официјални претставници на двете земји потпишаа договори за турските беспилотни летала и корвети од класата „Ада“ за време на посетата на Исмаил Демир, челникот на ССБ, на Киев.
Според договорот за набавки, Украина има за цел да ја зајакне својата морнарица со цел да ја зголеми безбедноста во Црното Море и Азовското Море.
Корветата од класата „Ада“ може да врши одредување, локација, класификација, идентификација и уништување на цели во воздух на копно и под вода, како и да обезбеди вооружена поддршка од море.
Освен способноста за избегнување на какви било потенцијални закани, корветите можат да извршуваат и поморски операции како поморски надзор и патролирање, крајбрежна и инфраструктурна заштита, како и надзор и контрола на ексклузивните економски зони.