Burç Eruygur,Gian Marco Benedetto
25 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
КИЕВ (АА) - За цивилите во Украина, во главниот град Киев, организирана е воена обука, јавува Анадолу.
Жените во моментов се најбројни меѓу цивилите кои ја посетуваат воената обука и сакаат да учествуваат во одбраната на својата земја . На посебен полигон за обука учат како да ракуваат со различни видови оружје, како да ги расклопат и да ги одржуваат пушките и како попрецизно да ги гаѓаат целите.

Во Украина продолжуваат интензивните судири меѓу руските и украинските сили на источниот и јужниот фронт, за време на седумнаесетмесечната војна.