Ekipa
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Сепаратистичките бунтовници и владините трупи во Украина известуваат за кршење на примирјето што на источниот дел од земјата требаше да започне вчера, по полноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Бунтовниците во вторникот прогласија едностран прекин на огнот, а вчера германскиот министер за надворешни работи, кој е во посета на Украина, договори владините сили да го почитуваат примирјето.
Меѓутоа, Руската државна телевизија денес ги цитираше официјалните претставници на сепаратистите, кои наведуваат дека нивните сили во утринските часови биле под минофрлачки оган.
Од друга страна, Иван Арефјев, портпаролот на украинската војска, за државната агенција изјави дека борбите се завршени на полноќ, но дека бунтовниците во утринските часови користеле оружје и рачни бомби.
Министрите за надворешни работи на Германија и на Франција, Франк Валтер Штајнмаер и Жан Марк Еро, се клучни посредници во украинскиот мировен процес. Вчера тие се состанаа со Петро Порошенко, претседателот на Украина, а за денес најавија посета на источниот дел од земјата.