Bahtiyar Abdülkerimov
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во последните 24 часа во Украина загинаа 40 руски војници, а уништени се околу 50 воени возила, вклучително авиони и хеликоптери, соопштија Вооружените сили на Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека украинската војска во изминатиот ден одбила четири напади од руските сили. Во вчерашните судири убиени се најмалку 40 руски војници, а уништени се околу 50 воени возила.
Уништени се две крстаречки ракети, хеликоптер, борбени авиони „Su-34“ и „Su-35“ и авион за контрола на воздушен сообраќај „Il-22“.